Во прв ред

Нина Бадриќ: Конечно на 27-ми октомври ќе го имам првиот вистински солистички концерт во Скопје (Фото)

На 27-ми октомври во Македонската филхармонија ќе се одржи емотивен и интимен концерт на познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ. По тој повод организаторите од Евентим не поканија на прес конференцијата која што се одржа на 13-ти септември во хотелот „Панорамика“ на Водно.

Модеретор на прес конференцијата беше препознатливата и секогаш позитивна и насмеана тв водителка Ирена Спировска која освен претставувањето на самиот концерт и се она што е како позадина на Нина Бадриќ, најави дека овој концерт нема реприза и дека е одлична можност да се погледне и лично и одблиску да се доживеат сите оние емоции, како и секоја песна одделно.

А таа пак, Нина Бадриќ, позитивна, енергична, насмеана се појави пред седмата сила и уште да запееше некоја од своите познати хитови. Трпелива, го ислуша секое новинарско прашање, а меѓудругото таа откри дека на концертот ќе има музички изненадувања за кои е рано да се зборува, а и дека истиот нема да помине без нејзините интересни и смешни имитации на познатите музички имиња: Јосипа Лисац, Тереза Кесовија, Северина, Јелена Розга… и многу други која таа секогаш успешно ги доловува.

„Ви благодарам што одвоивте време денес кога е викенд, веројатно би биле со своите семејства дома, благодарам уште еднаш што сте тука. Нема многу да ве задржиме. Она што ми е драго што долги години сакам да направам еден прекрасен концерт во Македонија и еве, сега се создаде прилика за тоа. Ова може и да го наречам прв солистички концерт во Македонија, бидејќи сите овие години Скопје ми поминуваше низ раце. Се надевам дека салата ќе биде распродадена, тоа мене ме прави среќна. Знам дека тоа ќе биде вечер со многу љубов, славење на животот, и по некоја солза… Тоа е нешто што чувствувам дека и го должам на скопската публика, но пред се, си го должам самата на себе. Очекувам дека настапот ќе изобилува со емоции и мојата задача е да ги пренесам позитивните чувства на публиката“, изјави Нина Бадриќ.

Како што изјавија организаторите, билетите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги набавите во Македонската филхармонија и сите специјализирани музички магазини, а истите можат да се набават и онлајн каде можете да си го одберете и местото каде би сакале да седите, а сето тоа преку веб сајтот: sountix.com.

Можеби ќе ве интересира: