Во прв ред

Во елегантен костум, со позитивна и убава насмевка Јелена Карлеуша го најави својот голем солистички концерт во Скопје (Фото+Видео)

Како што беше најавено така и се случи. Без големо доцнење во Скопје во спортската арена „Јане Сандански” се појави токму таа, големата, атрактивна, секогаш сексипилна, провокативна и без влакно ја јазикот – Јелена Карлеуша.

Облечена во црн костум, елегантна, со убава и позитивна насмевка им се обрати на новинарите: „Прашајте ме што сакате, не поминав четири часа од Белград до Скопје за пресот да помине без прашања”. ПР-от на Евент Груп, новинарот Антонио Димитриевски, продукција која што и всушност го организира концертот на Јелена Карлеуша спомена дека повеќе од една деценија македонските фанови го очекуваат овој голем концерт и дека нестрпливо го очекаат истиот да се случи.

А таа пак за концертот најави дека истиот е прв од многуте планирани во нејзината најнова балканска турнеја.

„Многу ја сакам Македонија, а тоа со години наназад го покажував. Ова е народ кој ме сака, кој ја сака музиката и знае да цени. Многу сум возбудена затоа што ова нема да биде обичен концерт – од овој концерт зависи цела турнеја. Мислам дека Балканот уште не видел ваква продукција и ваков тип на концерт. Јас не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се обогатам, јас сум богата жена, а во Македонија, ниту кај нас не може никој да се обогати, туку само да се покаже. Па така, доаѓам и јас на терен каде се цени музиката да покажам после 30 години кариера што знам“, изјави Карлеуша.

Јелена Карлеуша на прес конференција во Скопје

Таа изјави дека е многу возбудена поради тоа што нејзината концертна турнеја „Алфа и Омега“ започнува токму во Скопје и навистина ѝ драго поради тоа бидејќи Македонија ја доживува како нејзин „среќен знак“.

„Македонија заслужува ние пејачите кои доаѓаме од друга држава да не доаѓаме колку да одработиме нешто, кај нас попознато како „тезга“, туку се она што ние го подготвуваме и презентираме пред нашата српска публика во Белград во оргинална форма да може да им се претстави и во останатите градови ширум Балканот и воедно да нема никаква разлика од концерт до концерт. Јас ова го работам исклучиво од љубов затоа што искрено сметам дека некои граници мораат да се поместуваат и едноставно ова го заслужува публиката и сите фанови од Скопје и Македонија“, додаде Карлеуша.

Интересно беше што по завршувањето на прес конференцијата познатата естрадна новинарка Билјана Крнческа, која воедно е и голем фан на Карлеуша, го покажа календарот која што таа кој крајот на 90-те години го има порачано од Белград, а истиот е со фотографии со поп дивата фотографирани од тогаш познатиот фотограф и режисер Дејан Милиќевиќ.

Музичкиот портал Музика24 е еден од акредитираните медиуми на претстојниот концерт за кој со задоволство ќе Ве информираме, а во текот на следните денови ќе имате можност и да го прочитате ексклузивно интервју со поп дивата Јелена Карлеуша кое што го направи нашата екипа, каде таа открива детали за нејзиниот концерт во Скопје и многу повеќе.

JELENA KARLEUŠA X MILICA PAVLOVIĆ - MASHALLAH - SPECIAL EVENT (BELGRADE WATERFRONT)

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: