Како што пишуваат српските медиуми, апсолутни рекордери за новогодишни хонорари по настап за најлудата ноќ (дочек на 2025-та година) се Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ. Популарниот Чолиќ ќе настапува во Тиват за 120.000 евра, а Пријовиќ за иста сума ќе пее на Златибор. Веднаш по нив следуваат, Лепа Брена, која за настапот во Белград ќе заработи импресивни 110.000 евра. Аца Лукас и Саша Матиќ, кои исто така ќе пеат во Белград, ќе добијат по 100.000 евра. Воедно, Брена на сцената ќе ја придружува Ацо Пејовиќ за 80.000 евра.
На дочекот за најлудата ноќ во Белград ќе настапи и Теа Таировиќ, а нејзиниот хонорар ќе изнесува 50.000 евра.
Како и изминатите години така и оваа, Наташа Беквалац за својот новогодишен настап ќе инкасира 45.000 евра, а легендата на фолк музиката Мирослав Илиќ ќе пее за 40.000 евра, пишува српски Курир. Да се потсетиме, Чолиќ минатата година беше најскапиот пејач во регионот и според хрватските медиуми, неговиот настап во Дубровник бил најплатен. „Слободна Далмација“ објави дека земал дури 130.000 евра за да ја дочека 2024 година на Страдун.
