Зборот легенда во овој регион се користи многу често – без било какви аргументи. Ако некој заслужено го носи зборот „легенда”, тоа со сигурност е Драган Б. Костиќ. Авалон продукција со задоволство ви го најавува „последниот танц” на сцена на Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од легендарната „Диско селектор”.
На 29-ти ноември во СЦ „Јане Сандански” ќе се одржи “последниот танц” на сцена на една од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани, човек кој има пораснато и музички и културолошки едуцирано повеќе од 5 генерации – Драган Б. Костиќ.
„Сосема случајно, но ете, така било пишано, последниот сценски танц на Драган е закажан токму за Денот на бившата голема Република”, велат од Авалон продукција.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16-ти октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 600 денари. Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и ограничен број на ВИП влезници со високи маси, по цена од 1.000 денари.
