Музика на кирилица

Ексклузивно: “Зијан” ќе имаат концерт во МКЦ! (Видео)

На 7-ми ноември, за само дваесеттина дена, на голема радост на бројните фанови во МКЦ концерт ќе има легендарната група “Зијан”.

“Зијан” е македонска група, која се смета за фундамент на македонскиот рок. “Зијан” е од градот Гевгелија.
Нивните почетоци датираат уште од 1978 година под името “Трета Смена“, кое наскоро го променуваат во “Зијан”. Членови на оваа група се: Ацо Митров, Ице Ќорнаков, Коце Динев, Ане Динев.

Својот прв настап го имаат во 1981 година во Скопје како предгрупа на бендот “Видеосекс”. Победуваат на “Гитаријадата” во Зајечар, со што успеваат да го снимат својот прв демо-албум во Белград. Најзапаметена ќе остане нивната песна „Пушти коси“, која е класичен пример за вметнување на мотиви од фолклорното творештво во рок-музиката.

Zijan - Pushti Kosi (live at De Facto 2019)

Со скромен репертоар се наметнаа како една од рок групите од врвот на македонскиот рок, а сите нивни песни носат големи содржини и отсликување на вистински чувства. Добитници се на златна плакета од градот Гевгелија.

Автор на текстот: Валентина Георгиевска – Парго, Куларт.мк

Можеби ќе ве интересира: