Денес точно напладне во познатиот скопски хотел „Парк“, се оддржа прес конференција со познатата и популарна српска пејачка Марија Шерифовиќ по повод нејзиниот концерт кој што таа ќе го одржи на 2 ноември, односно, за 9 дена одсега.
Без доцнење, како швајцарски саат точно во 12 часот започна закажаниот прес. Марија заедно со својот тим од Србија и македонските организатори се појави пред седмата сила.
Својот последен концерт во Македонија Шерифовиќ го има одржано пред речиси шест години, а на 2 ноември таа заедно со својот бенд доаѓа во Скопје да одржи спектакуларен концерт во спортската арена „Борис Трајковски“, како дел од нејзината голема балканска турнеја “Долази љубав”.
“Јас се сеќавам на тој концерт во 2018-та година. Мене толку не ми се пееше таа ноќ, толку многу бев нервозна, толку многу не ми беше до ништо… веројатно таков беше денот. Дури се сеќавам и како бев облечена таа вечер, цртни паталони, патики, бела кошула со руска крагња… на се се сеќавам. И оној момент кога излегов пред публиката и кога го слушнав сиот тој насобран народ малку и се исплашив. Што сакам да кажам. Веројатно некој од Вас ќе ме праша што може публиката да очекува од мене на тој концерт. Искрено, немам појма. Како можам јас тоа да го знам. Тоа го диктираат разно-разните околности, на пример како сум јас расположена, дали убаво сум наспана, како е мојот приватен живот во моментот, на која нога имам станато… А кога всушност ќе излезам на сцената тоа нема никаква врска, бидејќи кога ќе ги чујам сите тие насобрани луѓе и кога ќе ја видам таа огромна љубов која што тие мене ми ја праќаат тогаш едноставно немам право мене да ми биде нешто. Тој концерт таа вечер беше навистина посебен. Дури мислам дека од толку силно што целата публика пееше заедно со мене што дури за момент си помислив дека тоа е невозможно.Се радувам на овој концерт што следува и се надевам дека ќе биде еднакво добар како и оној пред шест години, јас навистина ќе бидам пресреќна“, изјави Марија Шерифовиќ пред македонските новинари.
Како што Шерифовиќ самата вели, таа доаѓа во Скопје да ја поправи душата, да го опорави срцето и да се потруди на присутната македонската публика на тој концерт, да направи тоа да им биде најубавиот концерт во животот.
“Контактот со публиката мислам дека за време на концертот е и најважен. За време на мојот последно одржан концерт во Ријека, Хрватска јас толку многу убаво си разговарав со сите нив што дури во еден момент се запрашав, јас немам потреба повеќе да пејам туку можам и да бидам стенд ап комичар. Ние толку многу убаво се забавуваме за време на тие концерти што дури јас понекогаш и инсистирам иако организаторите често знаат да ми се налутат, мојата публика или фан пит публиката да биде пред мене. Во партерот. Навистина се трудам на секој одржам концерт да запаметам барем една насмевка, еден лик и една приказна која еден ден кога ќе бидам стара баба ќе можам да ја раскажам на мојот син, внуците итн. Животот е всушност на она што се сеќаваме, ако немаме на што да се сетиме тогаш тоа е еден безцелен живот, безсмислен живот“, додаде Марија.

Инаку за скопскиот концерт се уште не се знаат гостите кои ќе бидат изненадување на истиот и на тоа подолг временски период се работи. А што се однесува до концептот на нумери и македонска песна испeana од страна на Шерифовиќ, таа одговори дека навистина незнае што и како може да се случи за време на концертот, бидејќи секако однепред се прави план кои песни ќе бидат отпеани на секој концерт поединечно. А на прашањето кој подобро пее, Марија или нејзината мајка Верица… таа го одговори следново:
“Ајде вака… Верица е совршена пејачка, но таа кога ќе започне да пее душата Ви ја зема пополека, натенане, тивко… а јас тоа го правам на сосема поинаков начин, малку погрубо, малку погласно, но ќе Ви кажам што таа има кажано… Кога почнував и имав 20 години Верица кажа една работа а тоа е дека она на тие мои години никогаш не пеела така. Така кажа мајка, а од друга страна не е ни важно и не може да го споредуваме пеењето на мојата мајка и моето пеење. Тоа се навистина два различни карактери, две различни души, две разлучни поставки на вокалот во техничка смисла. Но едно е сигурно, без разлика на тоа што таа ми е мајка, јас секогаш сум реална, јас навистина незнам дали подобро пеам од неа. Таа жена не е нормална како пее“, одговори Шерифовиќ на прашањето.
За учеството на Евровизија вели дека никогаш повеќе не би сакала да биде дел од сето тоа, бидејќи тоа е пред се фестивал каде што има многу забава и шоу. А меѓудругото таа кажа и дека планира да се пензионира на свои 58 години и тоа би било тоа од нејзината кариера.
Таа одговараше и на прашања од новинарите, па така прашањето на колега Дуле Миќиќ од дневниот весник „Вечер“ што планира да облече Шерифовиќ за концертот и како ќе се појави на сцената, таа се пошегува и рече дека на големата сцена ќе се појави во розев фустан само и доколку и тој се појави во исто таков розев фустан на сцената со неа, на што секако сите колеги и присутни се насмеаа до солзи. Патем, таа одговори и на прашањата поставени од Музика24.
Имено, концертот во Прилеп кој што таа го одржа летово ќе го памети по убави нешта, но како што и самата вели за неа публиката била многу далеку, но сепак, многу гласна во пеењето. А што се однесува до Новата година можеби дочекот на најлудата ноќ ќе го помине дома заедно со семејството и синчето, но затоа пак репризата на Новата година ќе дочека работно во Будва.
И не заборавајте, 2 ноември, спортската арена „Борис Трајковски“, голем солистички концерт како дел од нејзината голема балканска турнеја “Долази љубав”.
Подготви: Иван Јосимовски
