Музика на кирилица

Макфестовската „Сатурн“ на Теа и Таско доби видеоспот

Поп пејачката Теа Трајковска и раперот Таско снимија спот за песната „Сатурн“, што ја испеаја на фестивалот „Макфест“.

„Сцените во спотот се како од акционен филм во кој Теа и Таско се главните улоги“, велат од тимот на пејачите.

„Со Таско нѐ спои „Сатурн“, а идејата и одлуката да учествуваме на Макфест беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше песната“, рече Трајковска.

Песната се снимаше во студиото на Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и аранжманот, а текстот е заеднички на Теа и Таско.

THEA x Tasko - SATURN (Official Video)

Можеби ќе ве интересира: