На 16-ти ноември ќе се одржи големиот долгонајавуван концерт на познатата македонска поп-рок група „Меморија“. По тој повод, денес во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа последната прес-конференција на која што новинарите и македонската јавност беше информирана се за концертот кој што допрва ни следува. Со овој концерт, групата прославува 40 години постоење на македонската музичка сцена.
„Концертот е замислен како едно големо мултимедијално шоу, нешто кое што ретко се гледа. Ќе бидете и самите изненадени од некои работи кои досега не сте ги виделе или сте ги виделе но не во таква форма и интензитет. Генерално работите околу продажбата на влезниците одат добро и се надевам дека ќе имаме една вистинска концертна журка кога е фидбекот на публиката и бендот во прашање и еден апсолутно концертне спектакл, и аудио и визуелен. Ние најавивме едно изненадување и ќе има повеќе изненадувања и повеќе гости на концертот – познати македонски имиња. Ова ќе биде женска журка, кога се гостинките во прашање, но има и по некое машко. Меѓу сите нив и последниот гостин кој што го чувавме за крај, со сиот респект на оние кои ги знаете и се објавени и споменати, затоа што ова е вистинска музичка ѕвезда која што има интернационална кариера“, изјави домаќинот на средбата со претставниците на седмата сила, некогашен член на групата, Антонио Димитриевски.
Инаку, ,меѓу гостите на концертот се: групата „Ареа“, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Сара Мејс, Александра Илиева, Тијана Илова, Бранко Ѓорѓиев…
„Пробите, мислам како се одвива се до денот на концертот, напротив наместо да имаме стрес повеќе, кај нас се повеќе има расположение, поголемо другарство така да пробите течат екстра“, изјави новиот член на групата, од неодамна, Рубин Димкоски.
Гостин на концертот ќе биде и Филип Николоски, младо момче кое се движи со помош на количка, но многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува. Нему му е посветена и песнатата „За добро да е“, за која музиката е на гитаристот на „Меморија“ Рубин Димкоски, а текстот е на Дуле Темелкоски. Тој ќе пее заедно со Ристо Самарџиев, а снимката од вчерашната проба ја има на социјалните мрежи и е многу гледана.
„Филип Николоски вчера дојде на нашата проба и имам впечаток дека знаеше до најмал детал што кој свири во сите песни. Иако е во количка поседува огромно количества позитивна енергија, што ја почувствувавме сите во студиото. Особено ни е драго што за Филип музиката е многу важна во животот, каде може да го зарази својот талент. Со него ќе настапиме и во Скопје, а секако и на нашиот концерт во неговиот роден Прилеп“, изјави Ристо Самарџиев.
Меѓу останатите гости, се споменуваат и неколку хора, а ќе запеат и членките на женскиот хор „Фрида“, чија диригентка е Сузана Турунџиева, кои ја подготовија песната „За тебе“. Исто така, на концертот на 16-ти ноември со „Меморија“ на сцената ќе настапи и Тијана Илова, млада девојка која свири на тапани, која воедно беше присутна на пресот.
Како што одговорија на новинрско прашање, членовите на „Меморија“ се во одлична состојба и нестрпливо подготвени за денот на концертот. По завршувањето на концертот во Скопје, членовите на „Меморија“ најавија в година и „фамилијарен“ концерт на кој ќе настапат сите членови што поминале низ групата, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје, каде што започна нивната музичка приказна, како и издавање на новиот албум.
Неофицијално, музичкиот портал Музика24 дознава дека специјалниот таинствен гостин на концертот чии што име не беше споменато за време на пресот и сеуште се сокрива е познатиот македонски пијанист – Симон Трпчевски.
