Познатата латино пејачка Џенифер Лопез извесен период е под лупата на светската јавност, по изјавата на британскиот пластичен хирург Ајхам Ал Ајуби дека денешната убавина на Лопез е вештачка. Како поткрепа на изјавата, пластичниот хирург на твитер профилот поставил неколку фотографии кои според него претставуваат доказ дека Лопез со гаранција била на операција како би ја добила денешната убавина. А Џенифер Лопез за целата оваа ситуација, за светските медиуми изјави:
“Жал ми е господине, но јас никогаш сум немала ни една пластична операција во животот”, изјавила Лопез. Дали е тоа така или не и самите можете да процените од веќе приложената фотографија.
Подготви: Марија Поповска
