Фестивали

Три големи музички екс ЈУ имиња на голем турбо рок фестивал во Скопје (Фото)

На 14-ти декември во спортската арена „Јане Сандански“, во една вечер Авалонци решија да направат различен тип на настан, кој сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо-рок. Тие во една вечер одбраа три познати музички имиња кои се компатибилни и комплементарни во секој поглед. Секој од нив ќе свират по 90 минути, целовечерен концерт со почеток од 20 часот.

Лидерот на Новиот примитивизам и фронтменот на ,,Забрањено пушење” и ,,Топ листа надреалиста” – Неле Карајлиќ во живо со својот бенд, ,,40 година откако је црк’о Маршал”, ќе го изведува најдоброто од ,,Забрањено пушење”, како и новиот материјал кој македонската публика досега го нема слушнато во живо.

Ван Гог, моментално еден од најголемите и најквалитетни live бендови на регионалната музичка сцена се враќа во Скопје во голема сала после цели 5 години, со сите хитови кои ја одбележаа нивната 4 децениска кариера.

И за крај, после повеќе од 50 години, големиот бенд и бренд Ју група конечно со свој концерт во Скопје.
,,Морнар”, која е сигурнo во топ 10 екс-ју хитови, „Чудна шума”, „Под златна јабука”, „Дунавом шибају ветрови”, „Нешто си ми уморна и бледа”, „Одлазим”, „Опасно, опасно те волим”, „Црни лептир” се дел од 90 минутниот реперотар на класиците на Ју група кои ќе бидат свирени на 14-ти декември во спортската арена „Јане Сандански“.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (6-ти ноември) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по следните цени и категории:

  • Партер влезници – 700 денари,
  • Фан пит влезници – 1.000 денари и
  • Трибина влезници – 1.000 денари.

Можеби ќе ве интересира: