Во прв ред

Поради здравствени причини откажан концертот на Бисера Велетанлиќ и Васил ХаџиМанов Трио (Фото)

Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Авалон продукција, поради здравствени причини веќе закажаниот концерт на Бисера Велетанлиќ и Васил ХаџиМанов Трио се откажува. Концертот требаше да се одржи на 17-ти ноември во недела во Македонската филхармонија.

„Поради посериозна настинка, Бисера не е во можност да настапи на концертот оваа недела, па останува истиот да го презакажеме за некои посончеви и потопли денови, на пролет“, не известуваат од Авалон продукција.

Сите влезници купени онлајн ќе бидат автоматски рефундирани од страна на ticketx.mk, а за сите оние останати влезници кои што се купени во некоја од физичките локации, од Авално ве советуваа да се обратите на истото тоа место за рефундација.

Можеби ќе ве интересира: