Тој е високо почитуван електро-техно уметник од Србија, препознатлив по неговите брзи, динамични звуци и неговата посветеност на претставувањето на андерграунд музичката сцена на oвој дел од Европа. Повеќе од две децении, Alavux е движечка сила со страст и посветеност.
Во 2015 година, Alavux го објавува светски признат „Octagon EP“ на BassAgendaRecordings, кој ја доби поддршка од професионалци како што е Дејв Кларк. Ова издание ја зацврсти неговата репутација како едно од вистинските електро продуценти.
Патувањето во музичката продукција Alavux ја започна во средината на 90-тите, каде што најде инспирација во техно и хаус музика. Со ран успех на српските ундеграунд радијски топ листи во неговата земја со неговата песна „Сан“, подоцна Alavux продолжува да биде еден од најголемите поддржувачи на тогашниот „трети бран“ на електробас и фанк музика. Со остро чувство да се остане уникатен и креативен. Овој уникатен пристап му донесе поддршка од легендите во индустријата како што се Хуан Аткинс, Лорен Гарние и Диџеј Стингреј. Неговата дискографија ја покажува неговата способност беспрекорно да ги спојува и техното и електро со експлозивни резултати. Генерално, Alavux е остварен уметник со богата историја во музиката , а неговата страст за музиката блеска во секое издание. Неговиота посветеноста и иновативниот пристап кон неговиот занает го издвојува од сите други.
Со поддршка од Плаид, Били Насти, Хелена Хауф, Хуан Аткинс, Лорент Гарние, Алиената Еп, Диџеј Стингреј, Umwelt, Perc и многу други кои ја докажуваат неговата разноврсност на неговиот уникатен стил. Редовен
поддржувачи се DaveClarke, DJStingray, JuanAtkins, Umek (ZetaRetucula), Vintage Future (Model 500, Underground Resistance), JamieBehan, Perc, Dax J, MaxDurante, Laurent Garnier и повеќе. настапувал во живо или како диџеј : Exit Festival, Moondance фестивал, Tresor.West, Drugstore, K4,Sirup, Desonance Festival, SeeMe Fest, Fuga.
Музика24 по повод излегувањето на најновиот музички проект на Alavux ексклузивно подготви интервју, а што тој вели во истото прочитајте во продолжение:
Музика24: Кога започна со својата музичка приказна и создавањето на музиката и електронските звуци по кои што денес си надалеку препознатлив и познат?
Alavux: Мојата музичка приказна ја започнав на крајот од 96-та година кога мојот најдобар другар (кој е и ден денес) доби roland xp50 workstation и добив покана од една најпозната француска издавачка куќа да направам трака за нив како дел од нивната музичка приказна која тогаш ја имаа во источна Европа, се случи да го посетат Белград и така дојде поканата од нив. За жал никогаш тоа издание не излезе на виделина, но тоа беше убаво искуство за кое понатаму ќе биде мојот повик, а тоа е музички композитор/продуцент на електронска музика.
Музика24: Од кого учеше на самиот музички старт. Која е твојата муза и музичка инспирација?
Alavux: Пред да се одлучам да бидам, односно, да се бавам со електронската музика учев од моите вујковци кои на директен или индиректен начин ме вовлекоа во тој свет на музиката. Наместо јас да слушам детски песни (колибри, Бранко коцкица и слично) јас ги знаев најновите и најсвежи хитови на белградските/југословенските дискотеки. Подоцна кога веќе навлегов во техно/транс што и да беше тоа електронски и интересно за моето уво во тоа време ми беше инспирација која трае и ден денес, а тоа се на пример Underground Resistance, Hardfloor, Speedy J., K-Hand, AUX88, Juan Atkins, The Advent, The Surgeon, Stay Up Forever Kolektiv, Plastikman, Unit Moebious, I-F, DJ Tim, Trancesetters (некако холандската електронска сцена најмногу ми „легна“. Разно-разни компилации од различни жанрови (house, trance, IDM, electro, Breakbeat), Kraftwerk, Koto, Patric Cowley, Gino Soccio, Bobby Orlando itd… (додуша тие се од 80-те години). Мојата инспирација се секогаш дневните случувања во нашиот живот (и убави и неубави). Секогаш семејството ми е инспирација колку и тоа да звучи „мрачно“, таа негативност ми е префрлена во музиката.
Музика24: Зад себе имаш голем број на траки, но која е твојата омилена која секогаш со драго срце ја вклучуваш на рипит?
Alavux: Ух, навистина тешко прашање. Можеби омилени изданија ми се како комплет. Но сепак, тешко е да се издвои некое посебно. Така да немам некоја специјална трака. Можеби во овој момент кога го правиме ова интервју би се свртел на насловната тема на моето прво винил издание „Oktagon“.

Музика24: Што е она што те прави препознатлив и бренд и по што се издвојуваш за разлика од останатите музички уметници кои исто како тебе создаваат музика?
Alavux: Да го цитирам мојот другар Shrink-Fm кога му дадов една компилација во која што и јас бев вклучен таму некаде 8/9 трака без список на изведувачи и песни. Ми се врати после 5-10 минути без список и ме праша дали мојата трака е број 9. Јас запрепастен му одговарам ДА, а неговиот одговор е дека ме препознал по Kick (бас бубањ што дава ритам на песни) и по бас линии и енергии во песната. Така да мислам дека тоа најдобро го дефинира мојот стил – константна енергија. Не се трудам да звучам како тој и тој, туку да имам некој свој специфичен стил, додека повеќето работат на стилот копи/пасте и тоа несвесно, бидејќи „така треба“. Во ред е да земеш одредена насока, пример, но тоа не те прави специфичен… измисли го својот звук и биди уникатен па потоа кога некој ќе те слушне на радио или каде и да е ќе те препознае во првите неколку секунди.
Музика24: Досега имаш голем број на настапи како кај нас во Македонија, така и низ европските земји. Каде најмногу е прифатена твојата музика и каде најмногу уживаш во гостувањето и својот сет?
Alavux: Насекаде каде и да сум настапувал досега сум имал одлична реакција без замерки. Да речеме Белгија и Холандија се секогаш со 300% повеќе повратна реакција од очекуваното и ми се допаѓа во тие земји што досега имам настапувано на журки каде имаше различен годишен просек или групација на луѓе и секогаш е енергично. Изгледа „работам“ добро (се смее).
Музика24: Неодамна излезе твојот последен студиски ЕП. Што е она што можат твоите фанови да го слушнат, а е ново и досега неучуено и по што новиот ЕП се разликува од останатите досега издадени?
Alavux: Можеби малку е намалена брзината на траките, но енергијата е таа, карактеристично моја и се слуша дека јас сум во позадина. Како и за секое издание претходно и за ова работев како што мислам дека треба и не се оптеретував што ќе биде и кој што и како ќе каже. Знам дека го имам дадено најдоброто од себе и дека допрва тоа ќе се слуша. Многу сум задоволен од третманот на Brique Rogue t.e. под издавачка куќа RZ Muzik која ти дава простор да работиш ти што сакаш само да е за мрдање на колковите.

Музика24: Кој се ти помогна и работеше заедно со тебе на излегување на новиот ЕП?
Alavux: Никој не помага околу издавањето на изданието, како и секогаш што и да работам тоа го правам сам. Тука почесто ја вклучувам и мојата ќерка која знае да ми помогне кога издавам сопствени изданија на плочи или дигитално со нејзините цртежи. Да бидам искрен, досега неколку издавачки куќи бараа да им отстапи неколку цртежи. Сите мислат дека таа црта според мојата музика, но вистината е дека таа само црта а потоа заедно одбираме кои цртежи ќе одат на плочи а кои не. Да не бидам скромен, но требаше да се случи соработка со еден познат џез гитарист, но поради тоа што истиот тој годинава има многу турнеји низ светот годинава не супеавме да се поклопиме со времето и термините. Но планот за соработа се уште постои.
Музика24: Дали можеби некоја од траките ја имаш некому посветено или се пронаоѓаш во некоја од нив?
Alavux: Имам и знаат моите дома кои се траки се посветени на нив или во самиот наслов што и за кого се. До душа имам и издание за политичарите и ЕДМ циркузантите. Кој знае англиски и холандски ќе разбере, не е тешко што значи името на моето најново ЕП. А и финалното издание на „Oktagon“ ќе биде продолжение како и мала поддрша за сите DIY – вистински уметници кои не можат да одолеат на секакви глупости во секојдневието и во нивната професија.
Музика24: Што е она ново што може да го очекуваме од тебе. Настапи, нови траки, видеа промовирани на социјалните мрежи… што е она ново на што работиш и каде може твоите фанови наскоро да бидат дел на еден од твоите сетови?
Alavux: Сите оние кои ја сакаат, почитуваат и слушаат мојата музика можат да ме заследат на: https://0ktag0nrec.bandcamp.com/ и https://www.facebook.com/alavuks/ тука навремено ќе се информираат за сите мои нови активности.
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
