И покрај неколку месечните подготовки за Детската Евровизија, Македонија заврши на претпоследното место. Тоа е голем дебакл за МРТ која реши да продолжи со учество на детската евровизија, за која се покажа дека и за неа не сме доволно кадарни и подготвени да учествуваме.
Со самото учество на Детската Евровизија, каде уште на стартот останаа неодговорени прашања од страна на Дијана Гогова Атанасова која е претпоставена за Детската Евровизија, таа е шефица на делегацијата и Главен и одговорен уредник на програмскиот канал МРТ5, сакале ние или не и таа е дел од оние кои треба да ја превземат одговорноста зошто и оваа година Македонија не се најде помеѓу првите 10 детски песни кои ќе се издвојат на евровизиското натпреварување. Македонската јавност не беше доволно и на време информирана за фестивалот, па од тука логично е да се постави прашањето како да се очекува да има гласање за нашиот претставник ?!? Но сепак жири комисијата одлучи да не рангира на 11-то место.

Ако замислата за организирање на Детската Евровизија е прошетка и патување низ европските земји на државна сметка и буџет, тогаш целта е остварена. Но она што го интересира македонскиот народ кој плаќа даноци и со кои пари располага МРТ е до кога само ќе се прават екскурзии без настанот да се сфати сериозно. И не е поентата само да се учествува да бидеме видени и да се трошат државни пари, туку треба да оставиме и впечаток и да се потрудиме барем нешто од нешто да направиме.
На крајот од денот, МРТ сите нам ни должи транспарентно објаснување за се она што е поврзано со Детската Евровизија. Дали преку соопштение кое реално ќе отсликува се она што и како се случувало пред и за време на Детската Евровизија или преку прес-конференција ќе излезат одговорните и ќе ги објаснат сите детали, тука ние не навлегуваме. Но реално, да се подготвувате месеци и месеци за некој настан, и при тоа да се потрошат финансии за истиот (патување, сместување…) и на крајот да бидете претпоследни… е навистина жално.
Инаку, Грузија по четврти пат победува на Детската Евровизија која што годинава се одржа во Мадрид, Шпанија.
