Во прв ред

За прв пат во градот под Исарот – „Štip Christmas Market” (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, за прв пат во градот под Исарот, градот на пастрмајлијата и „Макфест” – градот Штип, ќе се одржи новогодишна забава за сите возрасти. Започнувајќи од 20-ти декември па се до 27-ми декември на шеталиштето на улицата “Ванчо Прќе” во центарот на Штип ќе се организира новогодишен базар со богата музичка програма и изненадувања.

Игор Димовски и Пауза за Ракија, Бока Конга и Боби Сакс, Миле Кузмановски, Марија Данева, Сара Мејс и Божиќните девојки, Мартинијан Кириловски, познати македонски DJ-и… и уште многу музички изненадувања подготвуваат организаторите за присутните за што поголемо новогодишно расположение, одлична и незабаравна забава.

А како што не информираат од Општина Штип, за поголема и повесела да биде новогодишната магија предвидено е и дочек на Дедо Мраз со бесплатни пакетчиња за најмалите, снешковци, жонглери, аниматори, театарски претстави на отворено, наградни игри, подароци и уште многу други изненадувања.

Не заборавајте – „Štip Christmas Market” од 20-ти до 27-ми декември.

Можеби ќе ве интересира: