Балканленд

Македонија со учество на турската “Евровизија”

Музика24 дознава дека Македонија е една од многуте земји кои ќе земат учество на турската Евровизија наречена “Турковизија”. Ова претставува прв ваков голем фестивал во Турција и според најавите овој фестивал традиционално ќе се одржува секоја година. На 22-ри декември свое учество ќе земат сите земји од Балканот и пошироко, каде што има турско малцинство и се зборува на турски. Фестивалот оваа година ќе се одржи во турскиот град Ескишер.

Според информациите кои ги објавија турските медиуми, на “Турковизија” ќе учествуваат и: Киргистан, Казакстан, Узбекистан, Азербејџан, Грузија, Русија, Татаристан, Босна и Херцеговина… и многу други.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: