Балканленд

24 Промо: Тијана Дапчевиќ – “Сузе од пепела” (Видео)

Нашата македонска евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ, пред неколку дена ја пушти својата нова песна “Сузе од пепела”, а воедно го промовираше и спотот за истата. Таа во соработка со модната куќа “Must Have Dizajn” и дизајнерката Ана Стојановиќ, изгледа совршено во жолто-црниот фустан, додека на моменти може да се забалежи во романтично издание. Визуелизацијата на овој спот ја следи адмосферата на песната, која гради меланхолично, носталгична мелодија.

“По одморот во Грција ги наполнив батериите и дојдов спремна да одговорам на предизвикот кој што го побаруваше екипата која што учествуваше во создавањето на овој видео спот. Очекувам на публиката да и се допадне, бидејќи ова е нешто сосема поинакво од мене и верувам дека многумина ќе се пронајдат во песната која на мене лично ми остави голем впечаток. По излегувањето на спотот, ме очекуваат настапи и промоција на истиот”, изјави Тијана Дапчевиќ за српските медиуми.

Тијана ДапчевиќГлавната машка улога во спотот ја има младиот глумец Мики Дамјановиќ кој заедно со Тијана учествуваат во претставата “Пукла брука”. Интересно за оваа нова песна на Тијана е тоа што авторот на музиката и текстот е неврологот Александар Делиќ кој што е и семеен пријател со семејството Дапчевиќ. Во продолжение погледнете го новото видео и истовремено преслушајте на новата песна на нашата Тијана на следниот линк: “Сузе од пепела”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: