Фестивали

Вечерва во Домот на АРМ – 25-то јубилејно издание на „Роса фест“

Вечерва во Домот на АРМ со почеток во 20 часот ќе започне 25-то јубилејно издание на музичкиот фестивал „Роса фест“. И покрај тоа што наградите ги нема и фестивалот е ревијален, сепак, дружењето помеѓу колегите музичари на вакви настани е секогаш добредојдено. А тука сме и ние новинарите за да погледнеме што има ново на сцената, но и позади сцената, кој за кого зборува и што е она ново што може да се дознае и чуе од сите нив.

Оваа година на фестивалската сцена премиерни песни ќе отпеат познатите македонски музички имиња меѓукои ќе ги споменеме: Нино Величковски, Благоја Груевски, Мишко Крстевски, Дамјан Стојановски, Стојне Николова, Ленче и Горан Кукиќ, Анета Љумаковска… и уште многу, многу други.

Како што не информира организаторот, единствените три награди кои ќе бидат доделени се оние за животно дело, а нив рамноправно ќе ги добиваат: Огнен Неделковски, Смиља Митревска и Мирче Кикиритков. Водителка, како и секогаш, и овој пат е незаменливата и легендарна Ирена Спировска.

„Роса фест“ ќе биде снимен и дополнително емитуван на националната Алфа телевизија.

Можеби ќе ве интересира: