World Music

Леди Гага ќе го освежи Копакабана со бесплатен концерт

Поп-ѕвездата Леди Гага ќе одржи бесплатен концерт на најпознатата плажа во Рио де Жанерио, Копакабана, во мај идната година. Очекувањата се дека стотици илјади обожаватели ќе дојдат за да го доживеат овој единствен настан. На ланскиот концерт, легендарната Мадона собра 1,6 милиони луѓе, додека изминатите години настапија и светски ѕвезди како „Ролинг стоунс“, Род Стјуарт и Лени Кравиц.

Овој настан е дел од иницијативите на градоначалникот Едуардо Паес, кој се стреми да донесе светски суперѕвезди за да настапуваат бесплатно. Според властите, овие концерти имаат позитивно влијание на локалната економија.

„Градоначалникот веќе рече дека неговата цел е да донесе спектакли во Рио. Мадона беше апсолутен успех. Леди Гага исто така ќе биде хит и туристичкиот пазар многу добро ќе одговори на тоа“, изјави Алфредо Лопес, шеф на хотелскиот синдикат во Рио.

Овој концерт ќе биде не само музичко, туку и туристичко искуство што ќе привлече внимание од целиот свет.

Можеби ќе ве интересира: