Во прв ред

Холивуд во срцето на Скопје: Филмска магија со Битолскиот Камерен Оркестар (Фото)

На 16-ти декември, со почеток во 20 часот, камерната сала на Македонската филхармонијата ќе биде домаќин на уникатен музички настан кој ќе внесе магија од холивудските филмови во срцето на Скопје.

Новогодишниот концерт „Скопје го среќава Холивуд, вечер на филмска музика“ ќе ги одведе присутните на патување низ незаборавни мелодии од најпознатите филмски остварувања. Битолскиот камерен оркестар, познат по својата извонредна изведба, ќе ја оживее магијата на филмската музика, а вокалните солисти Наде Талевска, Јасна Димитровска и Елена Васова ќе ја надополнат вечерта со своите моќни изведби.

Настанот е организиран од Македонско-американската алумни асоцијација, која и оваа година ја продолжува својата традиција на создавање незаборавни новогодишни концерти. Ова е вечер што не треба да се пропушти – музика која ќе ве пренесе во светот на најгледаните холивудски филмови, исполнета со емоции, носталгија и гламур.

Можеби ќе ве интересира: