Во прв ред

„Мизар“ – Вечен оган на музичката сцена

Култната македонска група „Мизар“ ќе ги разнесе своите музички магии на 15 декември (недела) со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Оваа вечер ветува да биде музичко патување низ времето, исполнето со мистична енергија и уникатниот звук на бендот кој ја дефинираше македонската и регионалната дарквејв сцена.

На сцената ќе ги видиме:

  • Горазд Чаповски (гитара)
  • Пеце Китановски (бас)
  • Илија Стојановски (бас процесор)
  • Принц (клавијатури, бек вокал)
  • Драган Теодосиев (тапани)
  • Нико Ѓоргиевски (вокал, перкусии)
  • Сава Булатовиќ и Христијан Моневски (хармонии, вокали, виола, кларинет, флаута, лира)

Во својата рецензија за реизданието на првиот албум на „Мизар“, познатиот музички новинар Драган Амброзиќ напиша:

„Мизар“ се претвори во трајно регионално добро. До денес останаа бенд кој е во постојана потрага за суштината, бенд кој поставува прашања, а не некој што нуди лесни одговори! И денес потполно во тренд со најсвежите планетарни примери на дарквејв групи”.

Оваа година, бендот го реиздаде винилното издание на нивниот легендарен прв албум преку матичниот издавач „Хелидон“, а наскоро следи и реизданието на вториот албум „Свјат Dreams 1762-1991“. Во меѓувреме, „Мизар“ активно работи на нов материјал, а публиката веќе има можност да ја слушне првата песна од новиот албум – „Псалм 135“.

Билетите се достапни на касата на МКЦ и преку нивниот систем за интернет продажба. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да станете дел од магијата на „Мизар“ – бендот што живее како симбол на вечната уметност и инспирација.

Можеби ќе ве интересира: