Откако долго време беше неизвесно дали Скопје ќе има официјален дочек на Новата година, денеска на само пет дена пред 31 декември, конечно беа објавени деталите за новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“.
Според најавата, на главната сцена ќе настапат некои од најпопуларните изведувачи на македонската музичка сцена – „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната група „Љубојна“, легендарната рок-група „Ареа“ и популарниот бенд „Нокаут“. Забавата започнува во 19:30 часот, а сите скопјани и гости на градот ќе имаат можност да уживаат во музиката и новогодишната атмосфера.
Организатор на настанот е компанијата „Спектаклум“, која беше избрана преку конкурс за организирање на новогодишниот дочек.
