Имам нешто да те прашам

Давид Давидовски: На девојките кои ме откачија оваа година за Нова година ќе им подарам дилдо (Фото)

Тој има само 22 години а веќе го знае цела Македонија. Контроверзен, интересен, позитивен, и лудо откачен. Студент е на новинарство каде ги запознава и осознава тајните на новинарството. Веќе неколку години работи во едно од најслушаните македонски радија – Метрополис радио. Прв е во Македонија кој што започна со снимање на YouTube каде ја емитуваше својата авторска емисија “Ти реков, ми рече” поради кое што беше забранет на македонските тв станици.

Во Новата 2025-та година најавува нов интересен тв проект насловен “Хит мејкер”, кој ќе се емитува на една од националните тв куќи, но тој засега не сака многу да говори за тоа.

Почитувани читатели на музичкиот портал Музика24, во нашето новогодишно интервју само за Вас еден и единствен Давид Давидовски.

Музика24: Дали имате навика да сублимирате впечатоци и да подвлекувате црти, односно, да ја анлизирате годината што изминува и колку погледот во ретровизор Ве мотивира или депримира?

Давид Давидовски: Јас сум рак во хороскоп, јас секогаш се водам кон и со емоции, секогаш при крајот на годината правам една ретро анализа од секој изминат месец. Во денешно дигитално време за среќа ме потстуваат и сликите, така да и да сум депримиран убавите спомени и успеси ме мотивираат да бидам подобар и поуспешен идната година.

Музика24: Музиката е таа универзална сила која оплеменува и најчесто инспирира. За среќа годинава имавме одлична музичка понуда како преку фестивалите така и преку самостојните проекти, па која е онаа песна што Вам ви се залепи за срцето и би ја издвоиле?

Давид Давидовски: Навистина богата година беше оваа за многу музичари, јас би ги издвоил песните: ,,Месечивиот сјај” од Миа Перевска и Пере Нокаут, ,,Лажни светови” од Бојана Скендеровски, како и ,,Сите светла” на Лара и Јосиф кои екслузивно настапија кај мене во емисија со таа песна. Овие песни “ми ја трошеа” батеријата на мојот телефон.

Музика24: Веќе е започната популарната новогодишна еуфорија со многу забави, афтер парти, шопингувања… Дали и Вам ви се случува во овој период од годината да бидете еуфорични, односно, како делува таа новогодишна атмосфера на Вас и Вашето секојдневие?

Давид Давидовски: Еуфоричен сум како и сите во тој предновогодишен период, но оваа година беше исклучително тешка година за мене така да не знам таа еуфорија на кој степен на среќа ми се наоѓа сега, сега само сакам што е можно побрзо да помине оваа година и да се надевам дека следнава година ќе ми биде далеку поубава од оваа.

Музика24: Во потрага сме по најубавиот подарок за најсаканите личности. Како Вие го бирате подарокот, односно, што ви е пресудно кога новогодишниот подарок е во прашање?

Давид Давидовски: Па кај мене речиси се е поразлично и мора да биде разлино нешто кога станува збор за новогодишен подарок. Не треба Новата година да биде повод за подарок, подароци на нашите најскани треба да им подаруваме многу често низ целата година како што и подарувам јас на пример на мојата мајка. А на девојки кои ме откачиле оваа година планирам да им подарам дилда, затоа што останале без квалитетен потенцијал, а тоа сум јас.

Музика24: Живееме во многу брзо и хаотично време, во кое вистинска реткост е некој да се интересира за туѓата среќа? Дали практикувате да им се посветите на блиските луѓе и да се интерсеирате што е она што ги прави среќни и колку се трудите да стимулирате убаво расположение?

Давид Давидовски: Многу мои блиски пријатели, а и обични познаници биле во шок и позитивно изненадени дека јас често знам да ги побарам и да ги прашам само – како се? Јас се паметам, сакам и барам решение за сечив проблем, туѓата среќа, односно, среќата на луѓето околу мене ме прави мене среќен. Мојата позитивна енергија секогаш ја пренесувам на другите како кохезија и се што сакам е насмевка на сите лица. Тоа ми е професија на мене, шоумен.

Музика24: Што е она што во 2024-та да имате можност би го смениле, или би посакале воопшто да не се случило?

Давид Давидовски: Да научев да “пушам” и да ја искоренев мојата брутална искреност, односно, да знаев “да правам лице” и да бидам дволичен како сите. Мојата борба за правдина во земја каде што има само неправда и моето големо его ми затворија многу врати и ми овозможија многу тажни денови оваа година. Не би сакал оваа година да престанев да ја работам мојата емисија ,,Ти реков ми рече” која беше најдобра забавна емисија во Македонија, но тоа е…

Музика24: Дали се уште верувате во легендата за Дедо Мраз и дали за него имате годинава некоја порака?

Давид Давидовски: Мојот Дедо Мраз е Универзумот. И би го замолил “Дедо Мраз” да ми одговори на следното прашање: Абе чико Дедо Мраз зошто добрите луѓе секогаш страдаат, а злобните уживаат и до кога планираш тоа да биде така?

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз, без неговите ирваси, без даровите, но и без желбите. Кои се Вашите желби за Новата 2025 година?

Давид Давидовски: Моите желби за разлика од многу мои врсници се скромни. Да владее здравје, мир и љубов во сечив дом како и во мојот. Да има мир во светот, да се сплоти македонскиот народ, да нема омраза и завист и во Новата 2025-та година да ми се исполни мојата најголема животна желба, а таа е да водам емисија каква сакам на една од нашите најгледани телевизии.

Музика24: Како планирате да ја дочекате 2025та година и се разбира со кого?

Давид Давидовски: 2025-та година ќе ја дочекам сам дома, затоа што сѐ уште не научив да “пушам” како што кажав, односно да бидам дволичен како сите, не можам за таа прекрасна ноќ да трпам лажни моралисти, лажни пријателства, јас се во животот правам сам, патувам сам, сам се борам за се, така да и новогодишната ноќ ќе ја прославам сам.

Музика24: И на крај да ја чуеме вашата Новогодишна порака и желба за посреќна 2025-та година.

Давид Давидовски: Мојата желба за посреќно Господово лето веќе ја кажав, само здравје и мир. Ништо нема поскапо на светот од мирот. Љубов во неограничени количи, а зависта и омразата која за жал е всадена во нашиот менталитет да ја фрлиме во вц шоља и да пуштиме вода.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: