На еден од медиумите денеска беше објавена, а потоа истата таа изјава од поп пејачката Бојана Атанасовска беше само превземена од останатите медиуми и портали. Станува збор за изјава поврзана со нејзините усни која што Бојана ја има дадено за медиум поврзан со убавината и здравјето.
Поп пејачката пред само неколку минути на својот Фејсбук профил, во врска со истата изјава, го пиша следниот статус:
“Еве и јавно да кажам, ако воопшто некој го допира ова, изјавата на сајтот на убавина и здравје не е моја, никогаш не сум склопила таква реченица и до кога во оваа држава секој ќе дава изјави во туѓо име и ќе прави публицитет?!”, напиша Атанасовска на својот фејсбук профил во врска со изјавата за естетската хирургија извршена на нејзините усни.
Подготви: Викторија Трајковска
