World Music

Лејди Гага признава: Сакам да имам три деца

Во едно радио интервју во кое што гостувала познатата и контраверзна пејачка Лејди Гага, таа меѓудруго признала дека размислува и сака да има семејство, а воедно и свои деца. Таа во интервјуто вели:

“Сакам да имам деца, барем три. Навистина сакам да формирам семејство и да се грижам за своите деца. Искрено, кога би била мајка, тоа ќе биде исто како да имам три свои лични ѓаволчиња”, изјавила пејачката.

Таа истакнува дека можеби на децата кои ќе ги има нема да имсе допаѓа музиката која што таа ја прави, но сепак, сака да оформи големо семејство и не може да си го замисли животот без тој дел од животот.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: