Магазин

Новогодишна ГАЛАМА на Телма – Влезете во 2025-та со стил!

Декември повторно го носи најчесто поставуваното прашање: „Каде за Нова Година?“ Оваа година Телма има најдобриот одговор – во удобноста на вашиот дом со традиционалната новогодишна трпеза. На 31 декември, директно од сцената на Македонскиот Народен Театар, ќе ви донесеме незаборавна Новогодишна ГАЛАМА.

Ваши домаќини ќе бидат шармантната Јана Стојановска и харизматичниот Жаре Бербер, кои заедно со своите гости ќе се погрижат за незаборавна вечер. Музиката и забавата ќе ги предводат македонските музички ѕвезди: Миле Кузмановски, Елена Велевска, ДНК, Стојне Николова, Зуица Лазова, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Стефан Николовски, Анета Молика, Мишел Трајковски и многу други. За енергичната атмосфера ќе се погрижи Галама бенд, кои ветуваат весела и славеничка вечер.

Програмата започнува на 31 декември од 21:15 часот, кога Јана и Жаре низ разговор и песна ќе ја подготват сцената за незаборавен дочек на новата 2025 година. Не дозволувајте другите да ви раскажуваат – бидете дел од оваа магична ноќ!

Заедно да ги оставиме сите лоши моменти зад нас и да влеземе во новата година со радост, песни и многу позитивна енергија.

Новогодишна ГАЛАМА на Телма – гласно и незаборавно!

Можеби ќе ве интересира: