По повод 20 години успешна музичка кариера, познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ ќе одржи емотивен и незаборавен концерт на 8-ми март во Македонската опера и балет. Оваа вечер ќе биде посебна можност за македонската публика да ужива во нејзините најголеми хитови, изведени со топлина и страст, кои ја одбележаа нејзината извонредна кариера.
Само 6 дена подоцна, Јелена ќе приреди уште еден голем концерт во Белград, каде што, во придружба на симфонискиот оркестар на Радио Телевизија Србија, ќе ги изведе своите најубави песни. Ова ќе биде вистински спектакл за нејзините фанови, исполнет со магија и музички моменти за паметење.

Овој јубилеј претставува круна на две децении полни со успех, емоции и песни кои допреа до срцата на многу генерации. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од оваа уникатна музичка приказна!
