Балканленд

Тања Савиќ во Загреб приреди новогодишен дочек за паметење

Тања Савиќ за новогодишната ноќ настапи во хрватскиот главен град Загреб, а истиот го одржа во загребскиот веле-саем каде што приреди дочек за кој долго ќе се зборува и памети доживотно. Интересот за настапот на Савиќ беше толку голем што влезниците во временски рок од 24 часа беа продадени, а како што пишува порталот „Нова“, тоа било и очекувано затоа што нејзините песни биле едни од најслушаните во Хрватска во последните две децении.

Имено, сите кои купиле влезници за новогодишниот настап на Савиќ имале можност да уживаат во песните на Савиќ, а посебно во нејзините добропознати и признати хитови кој ја одбележаа нејзината музичка кариреа „Тако Млада“ и „Златник’’ кои што пејачката на концертот ги отпеала по два пати.

Бидејќи, Савиќ во 2024 година ја започна својата голема турнеја со концерт во Белград, ова на Савиќ и било најдобро загревање пред големиот концерт во Загреб кој е закажан за годинава.

„Секогаш во регинот сум одлично пречекана, а во Загреб никогаш не ми беше тешко, затоа што сакав оваа да биде вечер за паметење“, вели Савиќ. Савиќ  додава дека се спрема за концертот во Ниш и дека наскоро ќе се објават датумите за концертите од нејзината турнеја.

„Сега се спремам за концертот во Ниш, а наскоро ќе се објават датумите за планираните концерти од турнејата. После концертот во арената во Белград, сфатив дека тоа му го должам на сите оние кој ме сакаат мене и мојот музички жанр веќе 20 години“, додава Савиќ.

Инаку, Савиќ концертот во загребската хала „Чаир“ го закажа за 11 јануари 2025 година, два дена пред православната Нова година, Василица.

 Подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: