Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов ја претстави својата најнова песна „Снегови“ на Божиќ, 7-ми јануари. Оваа нежна и емотивна балада носи приказна за копнеж по невозвратена љубов, исполнета со звуците на акустика и длабоката експресија на вдахновениот вокал на Тарабунов. Со својот уникатен стил, песната се издвојува во ерата на електронската музика, нудејќи ретка и искрена музичка приказна која допира до срцето.
„Снегови“ е комплетно дело на Александар Тарабунов, кој ги напиша музиката, текстот и аранжманот, создавајќи парче кое одразува неговиот личен музички печат. Виолината во песната ја свири неговиот колега, Димитар Андоновски, додавајќи уште една димензија на ова музичко патување.
„Чест ми е што на овој најголем христијански празник ви ја подарувам ‘Снегови’, моето парче душа и новиот вистински јас“, изјави Тарабунов, нагласувајќи ја важноста на оваа песна за него.
Песната е придружена со емотивно видео во режија на Владислав Гавриловски, кое ја оживува љубовната приказна на „Снегови“. Во видеото, покрај Тарабунов, се појавува и моделот Клара Милошевиќ, која со својата појава додава романтична нијанса на приказната.
