Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ наскоро ќе станат родители по втор пат. Двојката веќе го има синот Александар, а сега со голема радост го очекуваат проширувањето на семејството со уште еден член. Според медиумските извештаи, Александра е во рана фаза од бременоста, но веќе ја споделила убавата вест со своето најблиско семејство на прослава што ја организирала пред неколку дена.
Прија неодамна зборуваше за своите идни планови, изразувајќи желба да добие ќерка.
„Нека моето семејство е секогаш добро. Би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да имаме ќерка“, изјави таа во една од своите претходни изјави.
Инаку, Александра одржа успешна регионална турнеја, која беше исполнета со емоции. Во интервју за „Јутро на Блиц“ на Телевизија Блиц, таа проговори за моментите на сцената и поддршката од Филип.
„Го слушам Филип во слушалката на концертите и кога ми вели: Замисли што направивме со тој наш подрум, погледни не, погледни кај сме вечерва. А јас речиси буквално голтам кнедли, не можам да се воздржам кога ги гледам мама, тато, баба, дедо…“, сподели Александра.
Таа се осврна и на значењето на Филип во нејзината кариера, истакнувајќи дека од самиот почеток верувале во заедничкиот успех, и покрај скептицизмот на другите.
„Кога јас и Филип почнавме да се забавуваме пред осум години, никој не можеше да замисли колку тој ќе значи за мојата кариера. Но, ние верувавме од првиот ден“, заклучи пејачката.
