Пејачката Драгана Мирковиќ во изминатата 2024 година ги сруши сите рекорди на посета за нејзините концерти кои ги одржа ширум во Србија, но и во другите балкански земји. Мирковиќ во 2024 година ја одржа и нејзината најголема турнеја насловена исто како и нејзиниот хит „До последен здив“.
Неочекуван беше концертот кој Драгана го приреди синоќа во Обединетите Арапаски Емирати поточно во Дубаи. Клубот во кој пееше Мирковиќ синоќа чинеше 13 милиони евра, а според информациите кој ги пренесе српски „Гранд“, истиот бил полн до последното место. Како што пишува „Гранд“, огромниот интерес кај публиката за концертот бил толку голем што истиот бил преместен во поголем објект, но ниту тој не бил доволен да ги собере сите оние кој сакаа да ја слушаат и гледаат Мирковиќ. Исто така многумина останаа и без билети.

Според информациите, оние кои навремено си обезбедиле влезници можеа да уживаат во спектаклот кои траел повеќе од 3 часа, а на истиот Мирковиќ ги изведе сите оние хитови кој и ја одбележаа кариерата од самиот почеток.
„Очекував дека се ќе помине одлично, но атмосферата надмина се што можев да замислам. Публиката беше одлична, и тоа е најдобриот начин со кои може да се започне новата година“, вели Драгана Мирковиќ и додава дека во Дубаи ќе остане уште седум дена и дека таму ќе го прослави својот роденден.
Имено, во публиката се најде Марко Бјелиќ, синот на Мирковиќ кој на концертот на својата мајка во Дубаи беше во друштво со неговата девојка Мелани Димитријевиќ. Марко на својот профил на инстаграм сподели фотографии со неговата девојка Мелани, на која очигледно е дека и двајцата уживаат во времето кое го минуваат во Обединетите Арапаски Емирати. На фотографиите може да се види дека Мелани за оваа прилика избрала светкав сив фустан на прерамки, а додека Марко за таа прилика избрал и носи црно одело.

Подготви: Христијан Ангелески
