Во прв ред

Четири години „Буква“: Домот на културата и пријателството

Под трите брези, веднаш зад Собранието, се крие едно посебно место кое веќе четири години е симбол на културата, дружбата и уметноста во Скопје — „Буква“. Ова топло катче, со своите полици, ѕидови и ќошиња, е повеќе од простор. Тоа е заеднички дом за сите кои веруваат во моќта на културата и уметноста да нѐ спојат и инспирираат.

Со сите свои настани — изложби, свирки, проекции и промоции, „Буква“ израсна во простор каде што се негуваат старите пријателства, се создаваат нови, и секоја приказна наоѓа уво што ќе ја слушне.

Овој јануари „Буква“ го слави својот четврти роденден, благодарна на сите свои пријатели, посетители и поддржувачи. Ова е вашето место каде што можете да најдете мир, инспирација или пак едноставно да се дружите со омилените луѓе.

Ве покануваме да го одбележиме овој значаен момент заедно!

Програма:

Петок, 31 јануари

  • Џем сесија со колективот Гола планина
  • Музичка селекција посветена на роденденот

Сабота, 1 февруари

  • Концерт на Хот џез оркестар
    Трио кое носи звуци од минатото со медитерански шмек и нè враќа во златната ера на џезот (20-тите – 40-тите години).

Изведувачи:

  • Иво Солдатовиќ Сол – кларинет
  • Андреј Момировски Буцо – гитара
  • Бојан Петков Шамба – гитара

Можеби ќе ве интересира: