Популарниот рaпер Војаш доживеа несреќа кога автомобилот во кој се возеше излета од патот и заврши во кал.
Со кратка „story – приказна“ на својот официјален Инстаграм профил, тој ги информираше своите фанови дека е добар и дека нема никакви повреди. Во пораката која ја сподели, раперот изрази благодарност за грижата и додаде дека ситуацијата завршила без сериозни последици.
„Сè е во ред, нема простор за грижа. Ви благодарам за пораките“, напиша Војаш.
Фановите веднаш го преплавија со поддршка и пораки за среќа, изразувајќи олеснување што сè завршило со добар исход.

