Магазин

Македонскиот музички портал Музика24 со нова соработка и многу музика! (Видео)

Македонскиот музички портал Музика24 започнува соработка со Арт Студио и Баклан Мјузик телевизија, кои стојат зад музичко-забавното шоу „На здравје“, кое се емитува на Балкан Мјузик и на Алфа телевизија. „На здравје“ емитува македонска музика, од стари хитови до нови надежи, и им овозможува на гледачите да се опуштат и да уживаат во звуците на својата татковина. Шоуто веќе четврта сезона ги освојува срцата на гледачите.

„На Здравје“ ви носи музичка терапија директно во вашиот дом! Секоја недела, емисијата ви нуди доза македонски мелодии – од народни песни кои го зајакнуваат духот, до поп хитови кои го подобруваат расположението

Со харизматичниот Орде Неделковски и групата „Круна“ како главни музички доктори, забавата е загарантирана. „На Здравје“ е местото каде што новите таленти блескаат, а легендите се слават.

NAJAVA NA ZDRAVJE SEZONA 4 EMISIJA 19

Не ја пропуштајте вашата неделна доза „На Здравје“ на Алфа ТВ во 16:15 часот и на Balkan Music TV во 20 часот. А ако пропуштите нешто, не грижете се – сите музички „апчиња“ се достапни на YouTube каналот на Balkan Music TV.

Придружете се и заедно да ја прославиме македонската музика, бидејќи „На Здравје“ е најдобриот лек за убаво расположение!

Можеби ќе ве интересира: