Скопје, дали сте подготвени за вечер што ќе се памети? За само седум дена, Милица Павловиќ ќе ја разгорува сцената во арената „Јане Сандански“ со концерт што ќе биде мешавина од еуфорија, страст и искрени емоции! Ова не е само обичен настап – ова ќе бидат неколку часа исполнети со пеење, играње, смеење… но и солзи!
Со себе носи два ексклузивни музички гости – еден од Србија, а другиот наш, од Македонија. Кој се тие? Останува да дознаеме! Она што е сигурно е дека публиката ќе ужива во врвна музичка магија и спектакл што не се пропушта!
Во ексклузивното интервју за Музика24, Милица открива како се подготвува за оваа незаборавна вечер, што ѝ значи македонската публика и какви изненадувања носи со себе.
Целото интервју – во продолжение само на Музика24.мк!
Музика24: Многумина знаеме што се не помина во минатото. И покрај сите успеси и позитивни нешта во животот доживеа и многу падови и препреки. После се поминато досега, дали денес можеш да кажеш дека си среќна жена?
Милица Павловиќ: И сум среќна жена. Кога ќе се разбудите наутро и ќе видите дека сте живи и здрави и дека имате уште една шанса некому да му го разубавите животот – што е поубаво од тоа. Да ви се јави некој што го сакате, да му кажете на некој дека го сакате… Јас се занимавам со работа која сметам дека е благословена да имам прилика да оставам трага на нешто и некогаш кога нема да бидам на овој свет да остане за сите Вас. И да, среќна жена сум, тоа може да биде мојот заклучок.
Музика24: Кој прв поверува во Вашиот сон и беше вашата најголема поддршка во животот и музичката кариера?
Милица Павловиќ: Апсолутно мојата баба и дедо. Тоа кога они ќе ве погледнат а вие знаете дека сте исправни а буквално со погледот Ви велат: „Можеш се, ти си нашата Мика!“. Така тие нагалено ме викаа – Мика. Јас знам дека можам се и кога нешто ќе ми зафали во животот ми фали токму тој поглед. Едноставно, со поглед се разбиравме. Толку многу бевме поврзани што и ден денес ги чувствувам иако физички повеќе не се повеќе тука. Сето добро што јас го имам во себе и го поседувам го всадија токму тие двајца луѓе. Тоа е само нивна заслуга и тоа ќе го споменувам до крајот на мојот живот. Навистина човек треба да биде благодарен и среќен што такви луѓе во животот имал до себе.
Музика24: Од оваа дистанца гледано, Вие сте големо откриетие на Гранд продукција и Саша Поповиќ. Дали се уште одржувате контакт со Гранд и Саша Поповиќ?
Милица Павловиќ: Секако дека да. Неодамна се допишував со Сузана Јовановиќ (сопругата на Саша Поповиќ) и цело време се интересирам за неговото здравје. Фала му на Бога тој е подобар. Едноставно, јас 9 години бев дел од Гранд продукција и сакала или не сум врзана за Саша Поповиќ кој досега ми има дадено милион корисни и добри совети. Имаше милион убави и весели моменти кои заедно ги доживеавме, некогаш знаевме и убаво да се расправаме и докажуваме да се раздрмаме еден со друг, но сето тоа брзо ни поминуваше со оглед на тоа што јас сум таков карактер од југот на Србија, а богами ниту тој не беше подобар, понекогаш ќе наидевме на некој проблем но за среќа сето тоа брзо се завршуваше и времето си го правеше своето. Сале навистина премногу го сакам и почитувам и секогаш ми беше драго кога тој се гордееше со своите ексклузивци од „Ѕвездите на Гранд“ кога мене ќе ме спомнеше и посочење како една од најдобрите. Тоа ми беше посебно драго… Тој навистина знае колку само јас се имам трудено да одговорам на таа доверба од страна на Гранд продукција и мојата (нашата) публика.

Музика24: Хит песната „Проверено спава сам“ крена голема прашина затоа што истата песна после Вас ја сними и Ана Николиќ. Денес ја изведувате само Вие. Дали ги добивте авторските права или Ана Николиќ едноставно се повлече?
Милица Павловиќ: Не знам дека после мене ја има снимено Ана Николиќ?!. Гледам дека таа моментално е многу среќна со познатиот српски композитор Горан Ратковиќ – Рале јас им ја посакувам целата среќа и дефинитивно… Ана повеќе не спие сама.
Музика24: Знаејќи дека Карлеуша ретко кога соработува со некој од музичката сцена, како успеавте да направите соработка со неа и да имате една од најдобрите хит песни на Балканот?
Милица Павловиќ: Таа песна е навистина нешто што успеа на нашиот музички пазар. Песната пред се е во електронски аранжман и многу сум среќна што таков тип на песна помина кај публиката и што речиси сите ја препознаа. Ретко која песна во таков електронски аранжман поминува, но веројатно ние двете тоа премногу добро го направивме и презентиравме на публиката. Песната е апсолутно на Јелена, а јас на истата сум поканета како гостинка да учествувам. Верувам дека јас тоа го имам добро направено и дека мојот допринос во песната е исто така добар. И навистина ми е мило кога токму таа песна ќе започне во некој ноќен клуб или дискотека некако се чувствува тој набој на енергија и дека во тој момент сите лавови се будат во тој момент.
Музика24: Која е Вашата омилена песна и песната која што секогаш ги разбудува Вашите најдлабоки емоции и на која што знаете да заплачете?
Милица Павловиќ: Уф, тешко јас плачам. Но верувајте, многу, навистина многу тешко ми паѓа кога ќе дојде оној дел од концертот кога мора да се исполни песната „Срце породично“. Тогаш имам впечаток дека и камен во салата би заплакал, бидејќи така некако цел концерт тече и тече и одеднаш сите оние брзи слики од концертот се спуштаат на оваа песна… ќе видите и сами. Јас не сакам луѓето да плачат, но сведок сум ова ми е петти концерт по ред, јас во тој момент не гледам едно лице во салата кое не плаче. Иако оваа песна не е моја, многу ја чувствувам за премногу блиска и своја. А што се однесува до моја авторска песна, не дека плачам, но… моментално сум многу емотивна на песната која што треба да излезе во брзо време, а напишана е пред две недели од страна на Лилјана Јорговановиќ. Јас често се шегувам „Праштај 2“ стигна.
Музика24: Кога би можела да се вратиш години наназад шти би и кажала на помладата Милица Павловиќ?
Милица Павловиќ: Само биди трпелива… и се што заслужуваш ќе си дојде! Не се нервирај!
Музика24: Често велите дека во Македонија се чувствувате како да сте дома. Знаејќи дека сте голем гурман, што е она што Ви е највкусно од нашата македонска традиционална храна?
Милица Павловиќ: Дали благото се важи?! (се смее) Сакам баклава, а сакам и сутлијаш. Значи ги имам пробано и едното и другото и премногу ми се допаѓаат. Секако и останата храна е извонредна и преубава. Какви се луѓето – таква е и храната. Вие сте во близина на југот на Србија од каде потекнувам и јас и немам впечаток дека поминувам граница туку како да сум дома.
Музика24: Колку успеа да го запознаеш градот Скопје и дали досега ти се допаднаа момците Македонци?
Милица Павловиќ: Па еве за време на турнејата „Лав“ досега бев и ги поминав Србија, Хрватска, Република Српска… еве сега и во Македонија. Нешто посебно не ми се покажаа оние споменатите, ништо не се случи конкретно, јас сега дојдов тука ми претстои концерт на 14-ти февруари во арената „Јане Сандански“, со чаша добро вино, добар десерт… зошто да не. Близу ми е куќата од тука, мозам се да вклопам се да биде супер, само уште едно момче Македонче да најдеме едно убаво… (се смее).

Музика24: Што е следно по турнејата “Лав” и што може да очекуваме од Милица Павловиќ во иднина?
Милица Павловиќ: Само за вашиот музички портал Музика24 ќе Ви дадам една ексклузива… по завршувањето на турнејата „Лав“… нема да биде крај на турнејата „Лав“! …па Вие сега размислувајте (се смее).
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
