Фолк ѕвездата Влатко Миладиновски најавува спектакуларен концерт во Македонската опера и балет на 22 март, придружуван од големиот оркестар на Златко Миладиновски. Ова ветува незаборавна вечер исполнета со неговите најголеми хитови и емоции што само тој знае да ги донесе на сцената.
Билетите се веќе пуштени во продажба по цена од само 500 денари, а како дополнителен адут на вечерта, организаторите најавуваат специјални музички гости, чии имиња засега остануваат во тајност.

Не пропуштајте го овој музички спектакл – 22 март, Македонска опера и балет. Голем солистички концерт на Влатко Миладиновски!
