Во четврток, со почеток во 20:00 часот, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во традиционалниот љубовен концерт „Некој ме гледа романтично“, кој носи атмосфера исполнета со страст, емоции и волшебни мелодии.
На програмата ќе се најдат извонредни дела што ја слават љубовта во сите нејзини облици – „Балет за Марта“ од Арон Копланд, Три танцови епизоди од балетот „Од градот“ на Леонард Бернштајн, како и арии од безвременската љубовна опера „Порги и Бес“ од Џорџ Гершвин.
