По одличното лансирање на музичката сцена со “Love Me”, хитот кој го обележа летото 2013-то и кој постојано се слушаше во македонскиот етер и по сите клубови низ земјата, The Sound Messengers го промовираат својот нов сингл. “The last thing” е со побрз, пожив и поразигран ритам. Текстот за новата песна го направи Давид Димовски, додека за музиката и аранжманот се погрижи Ерик Фокс во соработка со Јован Јованов.
Како дел од големиот тим на “Горила продукција”, гласниците на звукот, поточно The Sound Messengers се свежа комбинација на уникатниот вокал на младата пејачка Симона Попоска и искусниот микс на еден од најдобрите македонски диџеи и продуценти Кирил Зарлинов, најпознат како Ерик Фокс.
Подготви: Редакција Музика24
