Георгиј Георгиев е долгогодишен член на македонското музичко дуо ДНК. Георгиев бил во кочанскиот клуб ,,Пулс” кој синоќа беше пеплосан од страотен пожар. Георгиев по избунувањето на пожарот е исчезнат, а неговото семејство моли за помош и информации.
Имено, пејачот Панчо во моментов се наоѓа на одделението за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, а според информациите од неговата сестра тој има изгореници на лицето и раката, и се наоѓа на кислородна поддршка поради вдишување на чад. Андреј Ѓорѓиески исто така пекач во грипата ДНК пак, во мометов е во стабилна состојба и според информациите тој се наоѓа на домашно лекување.
Инаку, бројот на жртви од 51 се искачи на 59, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Подготви: Христијан Ангелески
