Тинејџерската поп ѕвезда Џастин Бибер од гостите на неговата забава побарал да потпишат договор за тајност кој предвидува автоматско плаќање казна од три милиона американски долари доколку откријат каков и да е детал од забавата којашто според бројот на жалбите од соседите до полицијата, излегла од контрола.
Гостите на забавата којашто се одржала во петокот навечер, како и персоналот, морале да потпишат договор со кој се согласуваат да не испраќаат твитови или смс пораки, или да поставуваат постови на фејсбук или на кој и да е друг начин да го забележат или снимат она што се случува на забавата. Како што пренесуваат локалните медиуми, во калифорнискиот дом на 19-годишната ѕвезда, до раите утрински часови се забавувале околу стотина млади лица.
На претходните забави се закануваше казна од пет милиони долари, доколку открија нешто од нив, а за оваа сума била намалена. Според медиумите, полицијата на барањата на соседите коишто останале без сон трипати во текот на ноќта доаѓала во домот на Бибер да ја стивне забавата.
Подготви: Редакција Музика24
