Културо

Хуманитарен концерт „Без зборови“ на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија најавува исклучителен концерт под наслов „Без зборови“, кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Овој музички настан ќе има хуманитарен карактер, а средствата од продадените билети ќе бидат донирани во Фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

На програмата ќе се најдат три извонредни дела од светската музичка литература: емотивното Адаџо за гудачки оркестар, оп. 11 на Семјуел Барбер, Концертот за тромбон и оркестар на Анри Томази, како и маестралниот Концерт за оркестар на Бела Барток.

Како солист ќе настапи истакнатиот тромбонист Џовани Скарпета од Колумбија, додека на диригентскиот пулт, за првпат пред Македонската филхармонија, ќе застане реномираниот маестро Габор Холерунг од Унгарија.

Овој концерт е можност да се доживее музика со силна емоција и порака, додека публиката истовремено ќе придонесе за поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Можеби ќе ве интересира: