Културо

Одржана тркалезна маса за театарската претстава „12“ која го отвори 59 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“

Со театарската претстава „12“ во режија на Синиша Ефтимов во продукација на Македонскиот народен театар, а во која играат актерите: Ѓорѓи Јолевски, Александар Микиќ, Сашко Коцев, Игор Џамбазов, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов,  Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски и Тања Ивановска беше отворено 59 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“-Прилеп.

Во саботата на пладне во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп каде и се одржуваат театарските претсави од фестивалската програма се одржа тркалезна маса за претставата, а на истата присуствуваа актери, режисерот и директорот на Македонскиот народен театар.

Синиша Ефтимов, режисер  за претставата „12“ вели дека како и секој режисер така и тој имал текстови во фиока, а откако случајно го погледнал оригиналниот филм на Реџинал Роуд сметал дека истиот е добро театарско парче.

„Претставата одамна се крчка кај мене.  Како и секој режисер така и јас имам ставено некои текстови во фиока и овој е еден од тие текстови. Јас многу често тргнувам од формата, а потоа ја барам содржината. Причината е прозаична за како тргна целата приказна. Кога го видов на телевизија оригиналниот филм од Реџинал Роуд сметав дека е добро парче кое може да се работи во театар.  Подоцна размислував за сите концепти на самата драма“-вели Ефтимов.

Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар вели дека со режисерот Ефтимов се договориле за половина час за претставата, а според него навистина е реткост да се соберат така добри актерски имиња и да работат заедно и сплотени.

„Ова е мој прв прокет кој го реализирав. Со Синиша буквално се договоривме за половина час во мојот кабинет која ќе биде актерската екипа, кој ќе биде текстот, а на Синиша потоа му реков да почнеме со реализација на прокетот. Јас знам дека Синиша се тргна во друга канцеларија, а кога се врати ми кажа дека сите прифатија, што е изненадување. Јас сум 20  година во МНТ и е навистина реткост да се соберат сите овие актери, едни од најдобрите во Македонија колку и да звучи тоа нескромно меѓутоа, тие работеа заедно сплотени. Едвај чекав кога ќе имам пауза од мојата работа да се симнам на проба и да гледам како тие колеги си помгаат еден на друг“-вели Кимовски.

Сашко Коцев, актер вели дека според него драмскиот текст е како монолог кој го има еден човек и кој треба да се убедува и разубедува, а според Коцев сите 12 души да зборуваат како еден навистина било тешко да звучи така како што звучи.

„Спрема мене текстот од претставата е како монолог кој го има еден човек каде се убедува и разубедува, но треба да го кажуваат 12 души. Тоа беше како да зборува еден човек и да зборува за сите во исто време и се да се разбира.Беше тешко да стигнеме до тука, тоа беше голем предизвик за да звучи така како што звучи.“-вели Коцев.

 

Христијан Ангелески известува од Прилеп за Музика 24

Можеби ќе ве интересира: