Уметничко-музичкиот настан под наслов „Детски цртеж и филмска музика“ во Прилеп ќе се одржи на 30-ти јуни (понеделник) со почеток од 19 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
На настанот уметничките фотографии и цртежи ќе имаат изложено младите уметници и членови од Атељето Артика од Прилеп кои се под менторство на Елена Димоска и Методи Исков, професионални уметници и професори по ликовна уметност. На настанот покрај изложбата на младите уметници филмска музика ќе свират Катерина Поповска (пијано), Илија Чакароски (гитара) и Филип Бурнески (тапани).
Влезот за настанот е слободен за сите заинтересирани посетители.
Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески
