World Music

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер скокна од висока карпа 10 метри

Џастин Бибер повторно ги изненади своите многубројни фанови. Тинејџерската музичка ѕвезда своите фанови ги остави “без здив” кога се качи на една висока карпа и без двоумење скокна во морето. Сето ова се случи на плажата Кауаи каде Џастин се забавуваше со неколку свои пријатели.

Бибер кога на плажата ги забележа папараците кои беа присутни за да го фотографираат со неговото друштво одлучи да им приреди едно големо изненадување. Младиот пејач на изненадување на папараците, но и на неговите пријатели, без многу размислување се доближи до работ на карпата и од височина поголема од 10 метри скока во длабокото море. Овој потег на Бибер беше изненадување за сите присутни на плажата.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: