Четиринаесеттото издание на фолк фест “Роса” кое се случи вчера вечер покажа и докажа дека фолк музиката е сеуште на врвот. Одлична организација, полна универзална сала, добро расположение на учесниците, дружење на учесниците… Македонското фолк радио – Радио Роса одбележи 20 години постоење во македонскиот етер. Фестивалот се одржа под мотото: 20 години Радио Роса “безрезервен труд за одржување и промовирање на македонските вредности, народната песна, култура и традиција”.
Овој фестивал е познат по учеството на докажани македонски фолк уметници, но и за промовирање нови имиња на фолк-сцената. На сцената вчера вечер настапија: Елена Велевска, Миле Кузмановски, Милица Кузмановска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Блага Петреска, група “Скопски боеми”, Даниела Темелковска, Анета Наковска, Спасен Сиљаноски, Анастасија Петреска, Сања Петковска – Сани, Анета Арсовска, Зоран Пандлиев, Сара Тасевска, Ленче Марковска, Бобан Цаневски, Душко Георгиевски, Ѓоко Јович, Јуле Николовска, Бобан Спасенцовски…
Учесниците се потрудиле да отпеат квалитетни песни, да изгледаат убаво, гламурозно што допринесоа за вистинска фестивалска атмосфера. Добитници на наградата за животно дело се доајените на македонската новосоздадена песна: Ефто Пупиновски, Војо Стојановски и Благица Павловска. По забележителни настапи, барем по реакцијата на публиката, имаа Анастасија Петревска која настапи со “Изгресонце”, изгледаше секси и Елена Велевска која беше единствена која се потрудила да има сценски настап – Велевска изгледа подобро од било кога.
Подготви: Редакција Музика24
