Музика на кирилица

Водата стои – Влатко Илиевски не стои (Фото)

Македонскиот рокер Влатко Илиевски пред само две недели се врати од Битола каде што имаше проби во театарот за претставата “Есенин” кој тој ја толкуваше главната улога. Претставата својата премиера ја доживеа на 11-ти месецов во театарот во Битола. За време во престојот во Битола Влатче иако беше зафатен со пробите за претставата тој беше дел и од снимањето на рускиот филм “Крестный” кој во превод значи “Кум”, но и покрај таа обврска Влатче за викенд наоѓаше време и за неговите настапи низ Македонија, а исто така и беше гостин на концертот на Џамбазов на 1-ви месецов.

Откако Влатко се врати во Скопје од Битола тој не престана да работи беше дел и од “Златно Славејче”, учестуваше и на “МАРС” со неговата песна “Само за неа” за која зеде и награда, а веќе и од понеделникот можеме да го гледаме и како тв водител на квизот “Само кеш” на Канал 5 кој се емитува секој работен ден во 20 часот. За Влатко Илиевски можеме да кажеме секоја му чест и дека добро се снаоѓа во сите три улоги.

Влатко Илиевски - На снимање на филмот "Кум" Влатко Илиевски на концерт кај Игор Џамбазов Влатко Илиевски со награда од претставата "Есенин" Влатко Илиевски - На снимање на филмот "Кум"Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: