Со формирањето на македонското знаме од страна на ученици од основните и средните училишта од Општина Прилеп започнаа главните чествувања за денот на македонското народно востание – 11 Октомври. Околу 1200 ученици го формираа македонското знаме на градскиот плоштад во Прилеп.
Централната манифестација започна во 19:30 часот синоќа на Камената бина во центарот на Прилеп каде настап имаа од КУД „Пере Тошев“ кои пред прилепчани ја изведоа македонаката национална химна.
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, во својот говор пред прилепчани рече дека 11 Октомври е посетување на востанието против фашизмот со што започнала и борбата за ослободување на македонскиот народ.
Главата кулминација како и секоја година така и оваа е импровизираниот напад на участакот во Прилеп кој во тоа време бил полициска станица, а интересно за сите посебно за најмалите беше традиционалниот украсен огнмоет над Прилеп.
Во предвечерието на празникот пред прилепчани настап имаше еден од најпознатите и најбарани пејачи на забавни мелодии Влатко Лозаноски – Лозано кои со својот дво-часовен музички концерт приреди вистинско уживање за сите посетители, а секако неизбежно со него беше и фотографирањето на оние најмладите, дечињата.
Лозано за време на концертот имаше навистина беспрекорна комуникација и интеракција со публиката која со нетрпение го очекуваше неговиот концерт во центарот на Прилеп.
Имено, Лозаноски за Музика 24 вели дека му е мило што бил дел од чествувањето за 11 Окотмври во Прилеп, а на сите им го честиташе денот на македонското народно востание.
„Мило ми е што сум дел од овој голем празник кој што многу значи за Прилеп, но и за Македонија нормално. Како и сите мои колеги и јас го обожавам Прилеп. Нека е среќен празникот и да се гледаме само за убаво“, вели Лозаноски за Музика24.
Инаку, чествувањета за 11 Октомври продолжија и денеска во централното градско подрачје во Прилеп каде се одржа традиционалната изложба на автомобили и автомобилска трка на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Од Прилеп за Музика 24: Христијан Ангелески
