Музика на кирилица

Каролина со најава за нов албум и пет концерти (Аудио)

Нашата позната македонска поп пејачка Каролина Гочева неодамна на својата facebook фан страна, објави информација дека кон средината на фебруари месец, следната година, ќе одржи пет концерти со кои воедно ќе го промовира и новиот албум “Македонско девојче 2”. Таа воедно го промовираше новиот видео спот за една од песните кои ќе се најдат на албумот, а станува збор за песната “Чалгиска”.

Како што не информираат од Авалон продукција, песната е снимена во студиото “XL-Moмироски”, а како автори на истата се потпишуваат Никола Мицевски кој стои зад музиката и аранжманот и Валентин Соклевски кој го напиша текстот. Музичари кои работеа на оваа песна и учествуваа во нејзино директно реализирање се: Благојче Трајковски (кларинет), Влатко Крстев (виолина), Зоран Костадиновски (гитара), Бошко Мангаровски (канон), Оливер Јосифовски (контрабас), Благоја Антовски (тапани) и Никола Мицевски на клавир.

Каролина ГочеваМузика24 во идниот период редовно ќе Ве известува за се она што е поврзано директно или индиректно со Каролина и нејзините веќе најавени концерти. Во продолжение, преслушајте ја првата песна, со која воедно се најавува и ново издание на албумот “Македонско девојче”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: