Балканленд

Наташа Беквалац со нова песна (Видео)

Поп пејачката Наташа Беквалац вчера вечер во емисијата “Твоето лице звучи познато” која што се емитува на српската тв Прва, го промовираше својот нов сингл насловен “Болно те сакам”. Како и претходната песна на оваа пејачка, така и оваа, носи провокативен наслов. Таа во црн фустан и со необична фризура играше во студиото, а на сето тоа водителот на емисијата Петар Стругар и рече:

“Пријатно ме инспирираш”. Оваа песна е дело на Дамир Хандановиќ кој што се погрижи да звучи онака како што звучи, додека текстот е на веќе докажаната Марина Туцаковиќ. Видео парчето од овој настап можете да го погледнете на следниот линк: “Болно те сакам”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: