Културо

Вечерва во НУЦК „Марко Цепенков“ музичко-ликовна вечер

На 7 ноември 2025 г (петок) со почеток од 19:00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи музичко ликовна вечер. Вечерта е под мотото „Уметност во звук и форма“. На пијано ќе настапи Огненка Герасимовска Димитровска, која ќе се претстави со музика од познати композитори.

Ќе има и изложба на скулптури од Александар Ефтимовски.

Текстот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: