Балканленд

Хрватската музичка сцена во Луксембург: Анѓела Зелиќ со пријателите го распродаде концертот во Луксембуршката филхармонија (Фото+Видео)

Голем интерес и вистински музички спектакл го очекува Луксембург на 29-ти ноември. Концертот „Anđela & Friends“ официјално е распродаден, а салата на престижната Луксембуршка филхармонија остана без ниту едно слободно место.

Познатата хрватска пејачка Анѓела Зелиќ, која на регионалната сцена се прослави со дуетот „Ima li nade za nas“ со Дражен Зеќиќ, веста ја потврди преку своите профили на социјалните мрежи. Настанот уште одамна предизвика голем интерес кај публиката, особено поради фактот што Анѓела денес живее и работи токму во Луксембург.

Dražen Zečić & Anđela Kolar - Ima li nade za nas (Official lyric video)

Ова лето пејачката пред публиката го претстави новиот сингл „Spora ljubav“, а токму во Луксембург ќе го изведе во живо за првпат. Покрај Анѓела, на сцената ќе настапат и голем број врвни гости и долгогодишни музички пријатели: легендарната Зорица Конджа, Дражен Зеќиќ, Анте Гело, Клапа Бродарица, Јошко Банов, Перо Панкјковиќ, Јосип Драгниќ и други.

Концертот ветува вечер исполнета со емоции, најголеми хитови и музичка магија, со што Луксембург уште еднаш станува сцена на големи регионални имиња.

Текстот го подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: